Излезе „Културен печат“ број 190 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 190

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 190, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (5-6.8.2023), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со писателката Јулијана Величковска: Понекогаш ми се чини дека не живеам во реалноста

– разговор со сликарот Михаил Корубин: Мемориска архива на чувства, идеи и инспирации

– документарниот филм „Тело“ на Петра Селишкар ќе се бори за „Срцето на Сараево“ со светската премиера во официјалната програма на 29. Сараево филм фестивал

– стотина европски анимирани филмови ќе бидат прикажани на четвртото издание на „Флипбук филм фестивал“

– во Галичник се одржува четвртото издание на „Галичник филм фестивал“ со мото „Вдишете ја магијата на филмот!“

– во Атина започна снимањето на долгометражниот игран филм „Ритам на животот“, каде копродуцент е и „Круг филм“ од Скопје

– Фестивал на алтернативна фотографија „Зрно“: Споделување на страста кон благородните фотографски процеси

– македонските уметници Пандора Апостолоска Саздовска и Сашо Саздовски ќе одржат предавања во Јемен

– поетската награда „Браќа Миладиновци“ на СВП ја доби поетот, писател, книжевен преведувач и издавач Димитар Башевски

– романот „Тишина“ од Јелена Никодиноска Чаповска е новиот наслов што излезе во издание на „Паблишер“

– издавачот „Македоника литера“ го објави романот „Русинката“ на познатиот романски писател Џиб Михаеску.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот