Изгореа автомобили „Мерцедес“ и „Фолксваген Пасат“ во Скопје

Противпожарно возило / илустрација Фото: МИА

Два автомобила изгореа викендов во Скопје, соопшти полицијата.

Вчеравечер околу 21.00 часот во полиција било пријавено дека на ул.„Жеденска” во населбата Ѓорче Петров се случил пожар во автомобил „Мерцедес”, сопственост на А.А.(67) од Кондово. Увид извршила екипа на СВР Скопје, е во пожарот нема повредени.

Нешто по полноќ, пак, било пријавено дека на булеварот „Босна и Херцеговина” настанал пожар во патничко моторно возило „Пасат” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Х.(45) од Скопје, при што била опожарена и реклама на маркет. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот