ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ НА РУЗВЕЛТОВА: Си го запалиле станот додека готвеле

фото: Принтскрин

Пожар избувна денеска во стан на петти кат во зграда на улицата „Рузвелтова” во Скопје. Со брза интервенција на пожарникарите пожарот целосно е изгаснат, изјави командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

– Во 13:30 часот добивме дојава за пожарот. Интервенирано е со пет противпожарни возила со 15 пожарникари. Пожарот е комплетно изгаснат во 14 часот, рече Симоновски.

ПОЖАР НА РУЗВЕЛТОВА: Се запали стан над кафулето Рузвелт (ВИДЕО)

Според првичните, неофицијални информации огнот избувнал поради невнимание при готвење и брзо се проширил во кујната, па и низ целиот стан.

Противпожарната екипа успеала да спречи огнот да ги зафати и останатите станови во зградата.

Станот во кој се интервенираше е изгорен, а официјалните причини за настанување на пожарот ќе се знаат откако ќе биде завршен увидот на терен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот