Издадено предупредување: Непознат број на крокодили побегнаа од одгледувалиште во Ј. Африка

Фото: EPA-EFE/Alonso Cupul

Непознат број на крокодили е на слобода, откако побегнаа од еднно одгледувалиште во Јужна Африка, изјавија денеска претставници на владината агенција за зачувување на биодиверзитетот, „Кејп Нејчр“.

Младите крокодили долги меѓу 1,2 и 1,5 метри побегнале преку жичена ограда во близина на градот Бонивале во покраината Вестерн Кејп, изјави Петро ван Рин, портпаролка на владината агенција, за агенцијата ДПА.

„Кејп Нејчр“ ги предупреди жителите да не се доближуваат до реката Бри додека не бидат заловени сите крокодили.

– Очигледно се опасни, многу опасни. Тие се диви животни, иако биле држени под контртола. Луѓето не смеат да им приоѓаат и треба да останат настрана од реката, сè додека не бидат фатени, рече Ван Рин.

Веднаш е почната масовна потрага и досега се пронајдени 27 крокодили додека непознат број сè уште е во „бегство“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот