Избегнете ги овие 5 ГРЕШКИ: Бричот може да биде ваш лојален сојузник за бикини-зоната

бикини зона

Не секоја жена или девојка може да ја поднесе болката и топлината на восокот за интимна депилација во бикини делот, а има и такви кои треба да го избегнуваат овој метод на отстранување влакна.

За нив преостанува само бричењето, кое може да предизвика непријатни црвени точки, чешање и крварење. Но, тоа може да се избегне доколку правилно се применува бричот.

Еве кои се 5-те најчести грешки во оваа ситуација:

Бричење пред туширање

Размислете дали го правите ова. Попаметно е да се бричите на крајот од туширањето, кога влакната се омекнати, кожата хидрирана, а фоликулите отворени. Со ова се избегнува непријатното враснување на влакната.

Не правите пилинг

Отстранувањето на мртвите клетки од површинскиот слој на кожата е клучно за успешно отстранување на влакната со брич. Доколку не го направите тоа, жилетот ќе се наполни со честички од површинскиот слој и побрзо ќе се потроши.

Користите обичен лосион за тело

Вашиот хидратантен лосион за тело, колку и да ви одговара на кожата, не треба да го нанесувате на препоните и интимата. Набавете смирувачка крема или гел наменети за таа зона.

Бричење „на суво“

Можеби ова решение ви изгледа како брзо и ефикасно, но за кратко ќе сфатите дека освен што сте ги отстраниле влакната, сте ја гребеле и кожата и сте ја иритирале. Затоа, отстранувањето на влакната не го оставајте за последен миг.

Веднаш облекувате секси долна облека

Неколку дена по депилацијата носете само памучни гаќички. Синтетиката и тантелата оставете ги за понатаму, откако кожата ќе се смири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот