Избегал осомничен од пред Кривичен суд

Фото: МИА

Се работи за обвинет кој бил спороведен во судот на рочиште по предмет поврзан со кривичното дело криумчарење мигранти.

Утринава од пред Кривичниот суд на затворската полиција и избегало лице кое било спроведено до судот за одржување судски процес.

За настанот и се огласија од Основниот кривичен суд – Скопје.

„Се работи за настан кој се случил надвор од судот за што е задолжена затврсоката полиција, а не во просториите на Основниот кривичен суд. Се работи за обвинет кој бил спороведен во судот на рочиште по предмет поврзан со кривичното дело криумчарење мигранти. При влез во судот, негов спровод до судницата и излез од судската зграда, од страна на судската полиција испочитувани се сите безбедносни мерки како и протоколи за заштита од ширење на вирусот Ковид – 19. Заради тоа, за сите информации поврзани со денешниот настан медиумите може да се обратат до надлежната Казнено поправна установ и МВР“, додаваат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот