Иванка Трамп се вакцинираше против коронавирусот

Instagram

Иванка Трамп, ќерката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, се пофали на социјалните мрежи дека конечно се вакцинирала против коронавирусот.

Денеска ја примив својата доза. Се надевам дека и вие истото ќе го направите. Благодарност до медицинската сестра“, напишала Иванка.

Иванка се вакциниралаа со вакцината „Фајзер“ во Мајами, Флорида, каде што во моментот живее со сопругот Џеред Кушнер, а втората доза ќе ја прими за неколку недели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump)

Таа го направи тоа откако вакцината „Фајзер“ ги исполни сите услови во нејзината држава и има целосна доверба во нејзината ефикасност – рекол портпаролот.

Иванка добила можност да се вакцинира во текот на престојот во Белата куќа, но таа сакала да почека додека не дојде нејзиниот ред.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump)

Здравствените експерти изразија загриженост за бројот на луѓе кои се двоумат околу вакцинирањето, а многу од нив се приврзаници на поранешниот претседател Доналд Трамп, пишуваат странските медиуми.

Меѓутоа, медиумите во март напишаа дека Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија се вакцинирале против коронавирусот уште во јануари, додека сѐ уште биле во Белата куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот