Иванка Трамп останува невработена: Ѝ пропадна бизнисот, заврши со ангажманите во Белата куќа, на што ли следно ќе се фокусира ќерката на Доналд Трамп?

Instagram
Instagram

Во интервју за „RealClearPolitics“, Иванка заклучи дека е „прагматична во сè“ и без двоумење си ја даде етикетата на популист. Заклучи дека се смета себеси за „Трамп републиканец“ и дека дефинитивно би сакала да остане во јавната сфера.

Instagram
Instagram

Британскиот „The Guardian“ пишува дека не е јасно на што следно „ќе се фокусира“ ќерката на Трамп, Иванка Трамп (39).

Ќерката на Доналд, наводно, била задолжена за едукација и економско зајакнување на жените и нивните семејства и создавање работни места и економски раст преку развој на работна сила, обуки и претприемништво.

Instagram
Instagram

Пред ангажманот во Белата куќа, таа го „надгледуваше“ развојот и преземањата на „Trump Organization“, компанија за недвижности на нејзиниот татко. Но, освен убавите титули и описи на нејзините „мега важни“ функции, многу е тешко да се процени нејзиниот деловен успех. Факт е дека таа некогаш водеше своја модна компанија, која никогаш не се прослави.

Instagram
Instagram

Нејзиниот моден бренд „згасна“ во 2018 година. Формално, со цел Иванка да се фокусира на својата работа во Вашингтон, но на затворањето, воедно му претходело прекин на соработката со голем број трговски центри поради слабата продажба.

Се разбира, за овој неуспех е „одговорен“ нејзиниот татко, чија политика предизвикала силен бојкот на продажбата на нејзината облека.

Instagram
Instagram

Деновиве на социјалните мрежи се шпекулира дека по „падот“ на Доналд Трамп ќе следува финансиска истрага на неговите даночни извештаи и дека Иванка веројатно ќе се сврти кон шоу бизнисот. Тоа не би било ништо ново за неа, наводно веќе ѝ пристигнала покана од американското шоу „Dancing with the Stars“. Сепак, ова би било само привремено „решение“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот