Италијанската мафија на очајните во кризата им нуди помош, но таа секако има своја цена

Мафијата никогаш ништо не прави од великодушност. Тој концепт за нив не постои. Единствено што знаа е концептот: ‘Ако ми помогнеш, ќе ти помогнам и јас на тебе’. На почетокот не бараат ништо, но секој мора да ја возврати услугата во некој момент.

Италија во еден момент беше најголемото светско жариште на пандемијата од новиот коронавирус, но ситуацијата во последните недели почнува да се подобрува па се тргна и кон попуштање на рестриктивните мерки.

Проблемот сега е во опоравувањето на економијата. Италија веќе со години има голема стапка на невработеност со слаб економски раст па кризата која допрва ќе следи силно ќе ја погоди државата со повеќе од 60 милиони жители.

Државата вети помош на бизнисите, но некои таа помош нема да ја чекаат. Италијанската мафија понуди помош за сиромашните и гладните во државата, но таа помош не доаѓа без цена.

„Луѓето ми се јавуаат и ми плачат на телефон. Ми зборуваат дека децата нема што да јадат. Млада жена ме бара секој ден. Има пет деца и не знае како да ги нахрани“, вели братот на мафијаш од Палермо во разговор за Би Би Си иако не потврди дали и тој е член на мафијата.

„Ако да се биде мафијаш значи да им се помога на луѓето, тогаш јас сум горд мафијаш“, нагласи тој.

Во цела Италија постојат многу антимафијашки истражувачи кои се запознаени со мафијашкиот начин на работа. Еден од нив е Никола Гратери кои воедно е и на чело на државното обвинителство во Катанзара во Калабрија.

Мафијата не разбира великодушност

„Целта е да се подигне кредибилитетот и да им се стане опција наместо државата. Целта е да си ја прошират базата на поддршка“, реќе Гратери.

И секако, помошта од мафијата не е знак на великодушност.

„Мафијата никогаш ништо не прави од великодушност. Тој концепт за нив не постои. Единствено што знаа е концептот: ‘Ако ми помогнеш, ќе ти помогнам и јас на тебе’. На почетокот не бараат ништо, но секој мора да ја возврати услугата во некој момент“, вели Енза Рандо, член на една антимафијашка организација во Италија.

Пример за таква помош даде и Марсело кој има ресторан во центарот на Палермо. Наскоро ќе добие понуда која не може да ја одбие.

„На врата ќе ви чукне мафијаш и ќе ви понуди да го откупи вашиот бизнис во тој момент. Тогаш преговарате за цена. Кога ќе се договорите, дел од парите некој ќе ги префрли на ваша сметка, а остатокот го добивате на рака. Во овие моменти, мојот бизнис пропаѓа. Кога некој ќе ври фрли елек за спасување, може да продолжите да пливате или да се удавите заедно со своите идеали“.

„Се правев великодушен, а убив повеќе од 20 луѓе“

Гаспаре Мутоло е поранешен мафијаш од Сицилија кој стана клучен сведок во десетици мафијашки случаи. Неговата главна тактика била себеси да се прикажува како великодушен.

„Всушност така претходно оперирав. Бев многу шармантен, и се правев великодушен. Никогаш не ги покажував вистинските намери, а бев криминалец кој убил повеќе од 20 луѓе“.

Мутоло разговорот со Би Би Си го направил на тајна локација каде се наоѓа под полициска заштита, а деновите ги поминува сликајќи.

„Кога децата ти плачат и нема храна на маса, или бизнисот ќе банкротира, не мислиш за последиците од земањето помош од виновни луше. Само сакаш да преживееш. Мафијата секогаш има подготвено пари за потребите на луѓето во вакви кризи и тука се многу поделотворни од државата“, вели Мутоло.

Уште едне примиер на мафијашка понуда е месара во градот Апулија на југот од Италија која имала проблеми со работата во текот на карантинот. Кога повторно ја отвориле, еден од нивните стари муштерии дошол до месарата и понидил поголема сума на пари за да им помогне.

„Веднаш го погледнав со сопругата и бевме разочарани зошто сфативме за што всушност се работи“, рече Антонио кој со сопругата Франческа води месара.

„Ја одбивме понудата, но таквите понуди се срж на мафијашката работа. Побивате позајмица, а потоа почнува бавна агонија. Конечната цел на мафијашите никогаш не е заработка, туку сакаат да го преземат бизнисот и да го користат за перење пари. Ако италијанската влада не може да им помогне на таквите луше, тие ќе отидат во рацете на мафиајта“, вели Гратери, член на антимафијашката организација од почетокот на приказната.

Попрво ќе земат од мафијата отколку од државата

Италијанската помош за бизнис засега изнесува максимално 25.000 евра по компанија, но кој ќе ги добие тие пари ќе мора да ги врати во државата.

Марсело, веќе споменатиот сопственик на ресторан во центарот на Палермо, нема намера да бара помош од држвата.

„Тоа ќе биде невозможно да се врати. Сите кои повторно ќе отворат ќе мора да ги следат правилата на социјално дистанцирање. Тоа значи дека помалку муштерии и помалку пари“.

Додава дека сите сопственици на ресторани кои ги познава имаат исто мислење. Веруваат дека продажбата на работата на мафијата без прашање е нивна единствена опција.

„Се чувствуам продаднато. Секогаш сум ја осудувал мафијата, а сега ќе погазам се во што отсекогаш сум верувал“, завршува Марсело.

Што прави италијанската мафија за време на коронавирусот?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот