Италија ќе обезбеди 95 милиони евра за санирање на последиците од земјотресот во Албанија

Амбасадорот Буци рече дека на донаторската конференција, Италија учествувала со значителна сума од 95 милиони евра ставени на располагање на Албанија.

Во Тирана денеска е потпишан договор со италијанската Влада со цел да се материјализира обврската што Италија ја презеде на Меѓународната конференција на донатори за санирање на последиците од катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија  на 26 ноември минатата година.

Италија ќе и обезбеди на Албанија 95 милиони евра, од кои пет милиони евра грант за реконструкција на јавни згради.

Договорот го потпишаа министерот за обнова, Арбен Ахметај и италијанскиот амбасадор, Фабрицио Буци.

-Кредитот од 90 милиони евра со многу поволни услоиви ќе биде насочен во енергетскиот сектор, за натамошно подобрување преносниот систем, потоа во развојот на поморската економија, за подобрување на пристанишната инфраструктура, во зголемување на капацитетите за справување со природни непогоди, подобрување на флотата и зајакнување на човечките ресурси во цивилната заштита, каде светски познатото искуство на Италија и помошта на италијанските браќа, ќе биде огромна помош за Албанија , рече Ахметај.

Амбасадорот Буци рече дека на донаторската конференција, Италија учествувала со значителна сума од 95 милиони евра ставени на располагање на Албанија.

-Тоа сведочи за посебните односи што постојат меѓу Албанија и Италија, бидејќи тие се две држави, не само пријатели, туку тие се два брата, така да се каже, затоа што во тешки моменти Италија секогаш била со Албанија, како и Албанија која е навистина важен фактор,рече меѓу другото Бучи.

На донаторска конференција што под мотото „Заедно за Албанија” се одржа во Брисел на 17 февруари,беа собрани над 1,15 милиони евра,дел како грант а дел поволни кредити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот