Истражување: Ова се најчестите симптоми на ковид-19 кај оние кои се вакцинирани

Истражување: Ова се најчестите симптоми на инфекција кај оние кои се вакцинирани
ФОТО: Драган Митрески - СП.

Како што се развива ситуацијата со ковид-19, односно како што се развива вирусот, симптомите што ги предизвикува оваа болест исто така се менуваат.

Губење на мирисот, на пример, порано беше еден од значајните индикатори за инфекција со коронавирус, но сега е дури деветтиот најчест симптом кај заразените (и кои не биле вакцинирани).

Постојат разлики и во тоа како се манифестира болеста кај оние кои примиле една или двете дози на вакцина, покажа британското истражување „ZOE COVID-19“. Иако постојат сличности во симптомите помеѓу оние кои се вакцинирани и оние кои не се вакцинирани, постојат некои разлики.

Симптоми кај оние кои не се вакцинирани:

Според студијата, овие се моментално најчестите симптоми на инфекција со ковид кај оние кои не се вакцинирани:

  1. главоболка
  2. болки во грлото
  3. течење на носот
  4. температура
  5. кашлица

Значи, губењето на мирисот веќе не е меѓу првите пет најчести симптоми. Недостатокот на воздух сега е, на пример, на триесетто место.

Симптоми кај оние кои примиле една доза на вакцина:

  1. главоболка
  2. течење на носот
  3. болки во грлото
  4. кивање
  5. кашлица
Симптоми кај оние кои ги примиле двете дози на вакцината:
  1. главоболка
  2. течење на носот
  3. кивање
  4. болки во грлото
  5. губење мирис

Треба да се напомене дека истражувањето покажало дека симптомите се пократки кај оние кои ги примиле двете дози на вакцината, односно имале помалку сериозни симптоми на болеста.

Постојат неколку причини зошто симптомите можат да се променат“, наведуваат научниците кои работеле на студијата.

„На пример, сега голем број случаи на заразени се помлади луѓе, за кои знаеме дека имаат поблаги симптоми. Исто така, оние кои биле вакцинирани имаат помалку сериозни симптоми“, додаваат тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот