Истражување: Осум од десет верници избрале да останат дома за Велигден и за Рамазан Бајрам

Околу 75 отсто од анкетираните сметаат дека МПЦ-ОА и ИВЗ исправно постапиле што се приклучиле на вонредните мерки на државата, додека пак 79,6 проценти од испитаници сметаат дека забраната за масовна посета на црквите и џамиите е соодветна и оправдана превенција од ширење на корона вирусот.

Осум од десет верници избрале да останат дома за Велигден и за Рамазан Бајрам, покажува истражувањето на јавното мислење „практикување на религија во услови на пандемија”, реализирано од интернет порталот religija.mk и Институтот за политички истражувања – Скопје со поддршка на фондацијата „Конрад Аденауер”.

Според истражувањето, 80,3 проценти од испитаниците сметаат дека Велигден и Рамазан Бајрам треба да се слават во домашна атмосфера, наспроти 10,4 проценти кои сметаат дека овие празници треба да се слават во црквите и во џамиите.

Околу 75 отсто од анкетираните сметаат дека МПЦ-ОА и ИВЗ исправно постапиле што се приклучиле на вонредните мерки на државата, додека пак 79,6 проценти од испитаници сметаат дека забраната за масовна посета на црквите и џамиите е соодветна и оправдана превенција од ширење на корона вирусот. Половина, пак, одговориле потврдно дека верските заедници соодветно реагираат на предизвиците со корона вирусот.

Според истражувањето, 63,4 проценти од анкетираните рекле дека вонредните мерки за заштита и забраните за присуство на верници во храмовите не значи и ограничување на правото на вероисповед.

На прашањето „Дали сметате дека ако отидете во црква или џамија, постои ризик да се заразите од корона вирус?”, речиси повеќе од половината или 57,1 процент од анкетирани одговориле потврдно, а само 20,9 проценти рекле дека немаат страв од тоа.

Истражувањето покажува дека стравот од коронавирусот кај граѓаните е голем, а од тие причини речиси седум од десет испитаници рекле дека од почетокот на пандемијата немаат отидено во црква или џамија, токму поради страв да заразата. Во тој страв ако им е потребна помош повеќе од половината, или 58,7 отсто од испитаниците, помош би побарале од психолог, наспроти 11,9 проценти, кои за психолошка помош би се обратиле кај својот свештеник.

Истражувањето на ИПИС и religija.mk е направено со поддршка на КАС (Конрад Аденауер) и е дел од серијалот истражувања на јавното мислење за перцепцијата на граѓаните во мултиконфесионални општества. Истражувањето е спроведено во април 2020 година на репрезентативен примерок од 1.127 испитаници со маргинална грешка е помеѓу 2,9 проценти и со 95 проценти интервал на веродостојност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот