Вакцина против грип/ Фото: Profimedia

Истражување: Индискиот сој е 60% позаразен од британскиот, а поотпорен е на „Фајзер“ и „Астра-Зенека“

Шансите за пренесување на индискиот сој на Ковид-19, позната како Делта варијанта, се за 60% поголеми од оние на британскиот сој или Алфа варијантата, велат од Англиското јавно здравство.

Велика Британија во моментов се соочува со нови големи бројки на ковид-19, од кои повеќе од 90% се од индискиот сој, пренесува Скај Њус.

Од почетокот на минатата недела бројките на делта варијантата во Британија пораснаа за 243%, изнесувајќи 24,323 нови случаи. Во измината недела се пријавени 96,800 случаи на ковид-19 во Англија.

Според новото истражување на Англиското здравство, вакцините „Фајзер“ и „Астра-Зенека“ се помалку ефективни против Делта варијантата, но кажаа дека примањето на втората доза е задолжително за заштитување од индискиот сој.

Од 7ми Јуни потврдени се 42 смртни случаи во Англија од Делта варијантата, од кои 23 биле невакцинирани, седум ја примиле првата доза, а 12 ги имале примено двете дози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот