Историски успех за Сан Марино, имаше пет спортисти во Токио и освои три медали

Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Олимпискиот тим на Сан Марино влезе во историјата на Игрите во Токио, откако Алесандра Перили во стрелаштво го освои првиот олимписки медал на оваа земја.

Таа освои бронзен медал во финалето во стрелаштво (индивидуален трап), искачувајќи се на подиумот заедно со Зузана Стефечекова од Словачка која се закити со златото, и Американката Кајла Браунинг (сребрен медал).

По 61 година, Сан Марино, со околу 34.000 жители, го оствари својот сон, станувајќи најмалата земја во историјата што освоила олимписки медал.

За првпат настапи на Олимписките игри во Рим во 1960 година, а ова е 25 пат да учествува на најголемиот спортски собир.

Но, тоа не е сè, после Перили Сан Марино освои по уште еден сребрен и бронзен медал, севкупно оваа држава освои три медали со пет натпреварувачи во Токио. Сребро беше освоено исто така во стрелаштво, повторно Перили, во тандем со Џанмарко Берти во мешан трап, а бронза во борење во категоријата до 86 килограми освои Мајлс Назем Амине.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот