Историја: Поранешната Вардарка стана најдобар стрелец во женската Лига на шампиони

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Поранешната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ во натпреварот против Оденесе (23:29) постигна четири гола за Крим од Љубљана и така стана најдобар стрелец во историјата на женската Лига на шампионите.

Со тие четири црногорската ракометарка стигна до бројката од 1.017 голови со што ја прескокна на листата Анита Гербиц која досега беше лидер на вечната листа.

Радичевиќ остави голема трага во Вардар каде што настапуваше од 2013 до 2018 година. Од Вардар премина во Букурешт, а настапуваше уште за Крим, Ѓер, Будќност…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот