Испливаа детали од средбата на членовите на кралското семејство: Хари по само 24 часа престој си оди од Велика Британија

Фото: Profimedia

Принцот Хари се упати назад во Калифорнија, САД, по само 24 часа престој во Велика Британија. Тој вчера пристигна во британската престолнина за да го посети својот татко Чарлс, на кој недомна му беше дијагностициран рак.

Нивната средба траеше околу 45 минути, по што неговиот татко, заедно со кралицата Камила, од куќата Кларнес се упатија во Бакингемската палата, а потоа во Сандриг. Како што пренесува Дејли мејл, Хари не оствари средба со својот брат Вилијам.

Исто така, принцот Хати не престојуваше во ниту една кралска резиденција, туку во луксузен хотел во кој престојуваше и минатиот септември. Имаше најави дека ќе остане подолго и дека вторпат ќе се сретне со Чарлс, но тој е виден денеска на аеродромот во Лондон.

Принцот Хари беше во Лондон без сопругата Меган Маркл и нивните деца Лилибет и Арчи.

Инаку, се претпоставува дека Хари последниве години ретко има контакт со својот татко, а односот со Вилијам воопшто не се подобрил, иако постоела надеж дека ќе има напредок на тоа поле.

ВИДЕО | Британски новинар со шокантно тврдење: „Хари и Меган се виновни за ракот на кралот Чарлс“

Принцот Хари слета во Лондон: Семејните кавги паѓаат во втор план, тој ќе биде со својот татко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот