Исплатата на пензии ќе започне од 26 ноември

Пензионери/ Фото: МИА

Владата денеска на седница ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензии за ноември 2020 година, и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување најдоцна до утре да ги достави податоците за пензиите до деловните банки.

На деловните банки Владата им препорача да обезбедат пензионерите од 26 ноември да може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

-Деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата: за пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26 ноември – четврток, за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплата да се изврши на 27 ноември – петок, за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплата да се изврши на 30 ноември – понеделник, и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 1 декември – вторник, соопшти Владата.

На денешната седница е усвоена и Информацијата за спроведување на јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал за периодот декември 2020 – декември 2022 за потребите на населението на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот