Исмет Рамадани за ТВ24: Со текот на времето и за Македонците ќе стане нормално премиер да биде Албанец

Исмет Рамадани/ Фото: Слободен печат

Кога за првпат функција премиер има еден Албанец, тоа позитивно одекнува кај Албанците. Албанците чувствуваат дека полека и сигурно ги остваруваат правата за кои мислеле дека треба да ги имаат за да се рамноправни. Тоа се остварува со демократски средства, па секако им значи на Албанците, а верувам дека и Македонците тоа го сфаќаат како нешто нормално. Секако има и такви кои мислат дека Албанец не може да врши такви функции, но со текот на годините бројот на таквите сè повеќе се намалува и табуата се надминуваат.
Ова беше една од поентите на политичкиот аналитичар Исмет Рамадани во неговото гостување во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24. Тој додаде дека европскиот фронт може да биде ветер во грбот оти мнозинството од граѓаните се за влегување во ЕУ.
– Мора да одиме напред и да отвориме нови поглавја во политиката кон ЕУ, а не да ја враќаме државата во минатото – апострофираше Рамадани.
Според него, кај албанскиот блок е проблем што сега има осум партии кои е тешко ќе се изменаџираат во таков европски фронт, особено во ситуација кога и опозицијата е европски сојуз и е бесмислено да се става во кошот на антиевропска коалиција. Сепак, тој укажува на заедничкиот именител што би требало да го имаат сите што се проевропски ориентирани.
– Ако на маса не се стават уставните измени, тогаш нема што би можело друго да се понуди оти уставните измени водат кон европскиот прогрес на државата – нагласи Рамадани.
Тој смета дека ако ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотира техничката влада, предводена од премиер Албанец, ќе се појасни нивната вистинска слика за албанофобија.
– Тоа нема да им донесе никакви позитивни промени туку, напротив, ќе ја потврдат својата стигма за националистичка и албанофобна – истакна аналитичарот.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ продолжи да ја напаѓа ДУИ како партија, тоа само ќе оди во корист на ДУИ и само ќе придонесе оваа владејачка партија да има поголем број на гласачи, заклучи Рамадани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот