ИСХРАНА ВО БОЈА: Виолетови продукти богати со витамини и минерали – Слободен печат
ЕспресоХрана

ИСХРАНА ВО БОЈА: Виолетови продукти богати со витамини и минерали

Секоја боја на храна содржи одредени хранливи материи кои се многу корисни за здравјето, било да се работи за ладно или за топло време.

Затоа, вклучете ги следниве продукти:

1. Капини – преполни со витамин Ц, но и А, Е, К и Б, со лутеин, но и други антиоксиданси кои реагираат со слободните радикали и помагаат во ефикасно пренесување на кислородот низ крвотокот. Капините, заедно со малините, аронијата и рибизлите, спаѓаат во групата на овошја благодарение на кои ги зачувуваме здравјето на срцето, крвните садови, но и меморијата.

2. Боровинки – нутриционистите често велат дека боровинките се суперхрана над суперхраната, поради тоа што се богати со железо, фосфор, калциум, магнезиум, манган, цинк и витамин К, што значи дека ја зачувуваат цврстината на коските. Додавајте ги во овесна каша, во колачи, правете сок од нив или збогатете ја салатата.

3. Црвена зелка – иако ја нарекуваме црвена, нејзината боја е виолетова. Хранливите бенефити се слични како и со обичната зелка, а содржи повеќе растителни влакна и делува антивоспалително, а се верува и дека штити од карцином. Можете да ја јадете како салата, да ја додавате во сендвич или пак да ја јадете свежа.

4. Лаванда – растение познато по смирувачките својства, кое можете да го користите како состојка во чај или пак да го применувате во ароматерапија или во масла за масажа.

5. Модра слива – било да е свежа или сушена, едно од најпознатите својства е олеснувањето при исфрлање на изметот од телото. Истовремено, богата е со големи количини на витамин А.

6. Асаи бобинки – иако не се автохтоно растение на нашето поднебје, лесно може да се најдат во повеќе облици во продавниците за здрава храна, во прав, сушени или во вид на додадок на исхрана. Исто така се вкусни и богати со минерали и витамини А, Б, Ц и Е.

7. Смокви – било сушени или свежи, смоквите се преполни со здрави состојки и се одличен извор на витамини и минерали. Во смоквите со виолетова лушпа има поголема концентрација на здравите материи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close