Ирска ја израмни кривата на епидемијата, не очекува нов пик

ирска
Ирска, илустрација / Фото: Архива на Слободен печат

Ирска успеа да ја изранми кривата на случаи на зараза со новиот коронавирус и веќе не очекува нагорна линија на раст на кривата на заразени, изјави шефот на ирските медицински служби Тони Холохан.

– Мислиме дека толку ја израмнивме кривата што нема да има нејзино зголемување, изјави Холохан за државниот канал РТЕ.

Според вчерашните податоци на Министерството за здравство, во Ирска досега има 13.980 потврдени случаи на Ковид-19 и 530 починати од болеста.

Холохан истакна дека населението го почитувало ограничувањето на движење воведено на 28 март и со траење до 5 мај, оценувајќи дека со тоа се спасени стотици животи.

Тој потенцираше дека бројот на новозаразени кои ќе ги зарази секој пациен е сведен на помалку од еден. – Тоа значи дека, во просек, една заразена личност го пренесува вирусот на помалку од едно лице. Ако продолжиме по тој пат, стапката на зараза и натаму ќе опаѓа, додаде тој.

Сепак и натаму постои загриженост поради високата стапка на смртност во пензионерските домови или домовите за нега на стари и изнемоштени лица. Ирскката здравствена служба вчера соопшти дека околу 60 отсто од починатите во земјата живееле во такви домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот