Иран најавува атентат на Трамп? „Вие ја почнавте војната, ние ќе ја завршиме“

Фото: Принтскрин/MEMRI TV Videos

„САД, ако вие започнувате војна, ние ќе ја завршиме“, пишува на почетокот на снимката.

Иран објави вознемирувачко, лажно видео, на кое снајперист пука кон американскиот претседател Доналд Трамп, по убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Монтираната снимка, која ја објави новинската агенција на иранската влада „Фарс“, започнува со една порака.

– САД, ако вие започнувате војна, ние ќе ја завршиме – пишува на почетокот на снимката.

Снајперистот, кој се крие зад решетки, вади пушка од куфер, а потоа гледа во фотографијата на иранскиот генерал Сулејмани, кој е убиен во американски воздушен напад во близина на аеродромот во Багдад минатата недела.

Потоа со пушката стрела кон американскиот претседател, додека телохранителите трчаат за да го заштитат.

– Во име на Бога, добротворецот, милосрдниот – пишува на крајот на снимката.

Трамп го одобрил убиството на Сулејмани, еден од најмоќните луѓе во Иран, кој во земјата го сметаат за национален херој.

Иран вети дека ќе се одмазди за убиството на генералот, а синоќа истрела повеќе од 20 балистички ракети на две воени бази во Ирак во кои престојуваат американски војници. Иранската револуционерна гарда, која ја презема одговорноста за нападот, наведе дека нападите на базите се „одмазда за убиството на командантот на единицата „Кудс“, Касем Сулејмани“.

Инаку, видеото од наводниот атентат на Трамп е објавено ден пред нападот на американските бази во Ирак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот