Инженер од УБК сведочи во „Трезор“

Фото: МИА

Инженерот по електротехника Александра Николовска, вработена во Петта управа на МВР, УБК, денеска по барање на СЈО тајно сведочи во Кривичниот суд во Скопје за предметот „Талир“.

Барањето нејзиното сведочење да не биде во присуство на јавноста поднесе СЈО бидејќи таа може да каже службени односно државни тајни кои според Законт за МВР и УБК не смее да ги каже во присуство на неовластени лица.

Во случајот „Талир“ обвинети се тројца функционери во УБК и еден од МВР кој преку низа договори и анекси за набавка на опрема за шпионирање и нејзино одржување го оштетиле државниот буџет за 860.000 евра.

Злоупотребата почнала од 2010 година кога првите тројца осомничени заминале во Велика Британија каде што договориле набавка на опремата.

Но, наместо директно да биде склучен договор со британската фирма, се јавува фирма посредник – Финзи ДООЕЛ Скопје, преку која увозот бил фактуриран за неколкукратно повисока сума.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот