Интервју со Кристина Ампева: Се расплакав кога видов колку многу работнички дојдоа на протестот

Околу 300 работнички од текстилната индустрија во неделата протестираа против барањата на работодавачите – работниците да работат 8 часа и 30 минути со вклучена полчасовна пауза, да се ревидираат празниците и да има нормиран учинок, но протестираа и за она што тврдат дека на многумина сега им се случува – прекувремена работа без надоместок, враќање на дел од земената плата, враќање на К-15…

За Кристина Ампева, претседателка на граѓанската организација „Гласен текстилец“, која е и најголемиот „виновник“ за организирање на протестот, ова е историски настан затоа што досега работничките не се осмелиле во толкав број да застанат во одбрана на своите права.

– Ова го доживеав многу емотивно. Се расплакав кога видов колку работнички се осмелија јавно да протестираат, со што практично јавно го прикажаа своето незадоволство и пред своите работодавци – вели Ампева во разговорот за „Слободен печат“.

Прочитајте и...  Северна Кореја ги отфрли надежите за продолжување на преговорите со САД

Ампева вели дека вчерашниот ден, по протестот, осамнал без поплаки од работничките дека добиле закана од својот работодавец и дека очекува така и да остане. Во спротивно, потенцира Ампева, Здружението „Гласен текстилец“ ќе преземеме сè што е потребно да се казни работодавецот, затоа што работниците имаат загарантирано право на протест.

Работодавци им давале, па им земале пари на инвалиди

 

По протестот Ампева вели дека очекува Владата да биде разумна и да не ги прифати барањата на Кластерот за текстил, но очекува и работниците уште повеќе да се борат за своите права.

– Од самиот Кластер за текстил кажаа дека имаат сознанија за текстилни компании во кои се вработени лица со инвалидитет, а на кои газдите им земаат дел од дадената плата. За овие луѓе државата дава субвенции. Јас повеќепати сум кажала дека државата треба да направи анализа пред да одлучи кому дава субвенции – вели Ампева.

Прочитајте и...  Мицкоски: На 15-ти јули доаѓа Обновата на Македонија и времето кога секој ќе одговара за сторен криминал

Таа потсетува дека ако работодавецот зема пари назад, тоа е кривично дело и треба да се пријави во МВР.

– На оваа тема ние сме разговарале и со Организацијата на работодавачи и со Кластерот за текстил. Таму знаат за многу компании што на своите вработени им бараат назад дел од платата. Тие треба јавно да ги кажат имињата на овие фирми, затоа што во крајна линија, тие и ним им се закана и нелојална конкуренција – вели Ампева.

На 70 отсто од работниците не им се плаќа прекувремената работа

 

Според анкетата што ја спровел „Гласен текстилец“, од 870 работници, 70 отсто рекле дека не им е платена прекувремената работа.

Прочитајте и...  АХВ: Извршен вонреден инспекциски надзор на сендвичарницата Гранд Бургер

– Тоа се случува затоа што системот за евиденција е во рацете на работодавците. Сега правиме притисок системот за евиденција да биде поврзан со некоја институција. Тоа е возможно, само треба да постои политичка волја да се направи – нагласува Ампева.

Работодавците во текстилната индустрија беа и најгласни во врска со најавеното зголемување на минималната плата на 14.500 денари од декември. За да се ублажи ова зголемување, пак, се донесе закон со кој ќе се субвенционираат придонесите за зголемениот износ на пари.

Прочитај повеќе

Заев: Целиот демократски свет не охрабри дека сме на вистинскиот пат и дека така треба да продолжиме

Слободен печат

Филипче: Болницата во Кавадарци пример за одговорно работење (ФОТО)

Слободен печат

Болсонаро го одобри законот за задолжително носење маска на јавни места

Слободен печат

Изработен прирачник „Купувам домашно“ со објаснување што сè спаѓа во домашни производи

Слободен печат

Северна Кореја ги отфрли надежите за продолжување на преговорите со САД

Слободен печат

Ново жариште во Италија: Се вратил од Косово и место да седи во самоизолација, правел забава

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Белградската „Штарк арена“ повторно станува ковид-болница

Слободен печат

Вице Заев: Објавените разговори се рекла-кажала лаги од трети лица

Слободен печат

Во Хрватска нови 86 заразени со корона вирус

Слободен печат

На протест во Рим здружните десничарски партии побараа предвремени избори

Слободен печат

Николоски од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи увоз додека не се откупи домашниот тутун

Слободен печат

Во Црна Гора се одложуваат молитвите, литиите и другите собири на СПЦ

Слободен печат