Интерпол: Криминалците го користат коронавирусот за кибер напади врз корпорациите

Интеропол/Фото: ЕPА-EFE

Интернет криминалците ја користат пандемијата од коронавирус за ги преместат метите на кибернетичките напади од поединци и помали компании на големи корпорации, влади и клучна инфраструктура, објави Интерпол.

Ова меѓународно тело објави дека неколку држави пријавиле злонамерни програми  (malware), напади врз влади, како и на болничката и медицинска инфраструктура, кои веќе се во големи проблеми поради здравствената криза предизвикана од коронавирусот.

Полициските истраги покажуваат дека повеќето напаѓачи ја оценуваат многу прецизно максималната сума која може да ја бараат од нападнатите компании и организации, соопшти Интерпол.

„Кибер криминалците ги развиваат и ги засилуваат нападите со алармантна брзина, користејќи го стравот и несигурноста која е предизвикана од социјалната и економската ситуација создадена од ковид-19“, предупреди главниот секретар на Интерпол Јурген Сток.

Организацијата објави дека ќе следува натамошно зголемување на стапките на кибернетичкиот криминал „многу веројатно и во блиска иднина“, посебно поради ранливоста која ја предизвика работата од дома.

Неточните информации за ковид-19 исто така се причина за растечката загриженост во повеќе од 20 отсто од земјите кои одговараа на истражувањето за кибер криминал, додава Интерпол.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот