Интензивно се гради браната „Конско“, досега 60 отсто од изградбата е завршена

Браната „Конско“ е од исклучително значење за наводнувањето на земјоделските површини од овој регион, но оваа брана истовремено има мултифункционална намена.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, беа на локацијата кадешто во моментов интензивно се гради браната „Конско“. Изградбата на браната започна пред две години и досега согласно договорот со изведувачот, околу 60 отсто од изградбата е завршена.

Се очекува до крајот на оваа година да заврши целосната изградба на браната. Овој капитален проект е финансиран од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Програмата за рурален развој и од буџетот за таа намена се издвоени 40 милиони евра.

Браната „Конско“ е од исклучително значење за наводнувањето на земјоделските површини од овој регион, но оваа брана истовремено има мултифункционална намена.

-Со изградбата на браната, ќе се обезбеди редовно снабдување со квалитетна вода за пиење, за наводнување на земјоделските површини, за производство на електрична енергија, но ќе значи и обезбедена вода за дотур за спас на Дојранското езеро. Браната „Конско“ ќе обезбеди вода за наводнување на нови 8.000 хектари земјоделски површини, со што наводнуваните земјоделски површини ги зголемуваме за пет пати. Изминатите години ова беше голем проблем за земјоделците и ја зголемуваше цената на земјоделските производи. Со оваа брана ќе се создадат неопходните услови за дополнителен развој на земјоделството, зголемување на производството на храна со намалени и конкурентни цени- изјави министерот Димковски.

Прочитајте и...  Богојески од Крушево: Очекувам сите крушевчани без разлика на нивната политичка припадност да гласаат за Македонски концепт

Дополнително, вештачкото езеро на браната „Конско“ која се наоѓа веднаш под излетничко-рекреативниот локалитет Смрдлива Вода на Кожув, на само 20-тина километри оддалеченост од градот, претставува нова содржина во локалната туристичка понуда на Гевгелија.

Глобално, ова ќе значи зголемување на економскиот раст, животниот стандард на населението, унапредување на здравјето и квалитетот на живот на граѓаните од целиот овој крај и развој на општина Гевгелија на повеќе нивоа.

-За Општина Гевгелија оваа брана има големо значење, наводнување, развој на туризмот, обезбедување на чиста вода за пиење. Ова е најголема инвестиција во последните 50 години во Општина Гевгелија- изјави градоначалникот, Поцков.

Водостопанството како стопанска гранка е една од клучните области, низ чиј развој се реализираат сите стратешки планови за напредок. Браните со акумулации обезбедуваат повеќенаменско искористување на водите, придонесуваат за енергетска стабилност и безбедност на храната на национално и регионално ниво и токму затоа претставуваат едни од најзначајни приоритетни инвестиции на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство наменети за развој на земјоделството.

Прочитајте и...  За еден ден во Бразил починале 1.290 луѓе од Ковид-19

Прочитај повеќе

Шекеринска од Дебар: Минималната плата ќе биде 20.000 денари

Слободен печат

Силјановска – Давкова: Нема самопочит, без почит кон предците, кон историјата, нема дрво без корен

Слободен печат

Мицкоски: Се пријавувам да бидам првиот кандидат за ветинг на македонската политичка сцена

Слободен печат

Спасовски: Народот ги виде Скопје 2014 во стиропор и ВМРО-ДПМНЕ во криминал и веќе избра сигурна иднина и пари кај граѓаните

Слободен печат

Вучиќ ја пофали Македонија дека чесно тестирала и се пофали дека Србија направила најмногу тестови во регионот

Слободен печат

Ахмети од Кичево: Македонија се гордее со Мајка Тереза, ќе се гордее и со премиерот Албанец

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Силен и пороен дожд поплави улици во Битола (ВИДЕО)

Слободен печат

Денес е најлошиот ден од почетокот на пандемијата во светот, новозаразени има преку 200 илјади

Слободен печат

Заев: Ги отворивме вратите кон ЕУ и НАТО, со обезбеден идентитет и со признат јазик

Слободен печат

Филипче: Ќе почнеме со изградба на Клинички центар, првиот блок ќе биде готов за четири години

Слободен печат

Силјановска покажа како се „денса“: Треска на саботната вечер (ВИДЕО)

Слободен печат

Најмалку 43 убиени во судири во Јужен Судан, украдени и десетици говеда

Слободен печат