Инклузивен театар: Претставата „Улаф сте?“ на АТО предизвикува силни емоции

Приказната во претставата се раскажува низ призма на глувонемата заедница

Центарот за современа уметност и култура – АТО од Битола ја продуцираше првата професионална претстава на македонски знаковен јазик за возрасни лица со оштетен слух и на говорен македонски јазик за љубителите на театарската уметност.

Режисер на претставата со наслов „Улаф сте?“ е Јован Ристовски, кој е основач и на АТО – Битола. Приказната во претставата се раскажува низ призма на глувонемата заедница, во која актерите во име на глувите лица ги раскажуваат сите општествени неправди кон оваа ранлива група.

Во претставата играат актерите Наталија Ристеска, Кристијан Танчевски, Марија Стефановска, Маја Андоновска Илијевски, Сандра Грибовска и Никола Пројчевски од Битолскиот народен театар. Премиерата на претставата се одржа пред 15-ина денови во Битола, а на 29 јуни беше изведена и на сцената на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Покрај припадниците на заедницата на глувонеми лица, на изведбата во Скопје присуствуваа и претседателот Стево Пендаровски со неговата сопруга, како и амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир.

Претставата предизвикува силни емоции кај публиката, а целта на нејзиното поставување е јавно да се упати барање за итна стандардизација на македонскиот знаковен јазик за возрасни лица со оштетен слух. Претставата е поддржана од Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 185, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 1-2.7.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот