Иницијатива за поедноставување на процедурата за престој на студенти во земјава преку програмата Еразмус

На предлог на техничкиот премиер, Владата на денешната 15-та седница ги задолжи Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование да достават информација во врска со ефикасно решавање на прашањето за престој на студенти кои по основ на мобилност, согласно образовната програма Еразмус, имаат потреба да престојуваат во државава не повеќе од еден семестар.

-Како што е констатитарно, мобилноста во рамки на образовниот процес е усогласување со праксата на Европската Унија и, како што е оценето, потребно е поедноставување на процедурите за краткорочен престој по овој основ, наспроти стандардните процедури за одобрување престој за повеќегодишно студирање, соопшти владината прес-служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот