ИНФОГРАФИК | Што најмногу се пребаруваше на Гугл во 2023 година?

Фото: Global Panorama/ Flickr

2023 година беше, во најмала рака, исполнета со премногу настани, а погледот на најпрегледаните оваа година може да послужи како потсетник за некои од настаните и ситуациите што го обликуваа нашиот свет во последните 12 месеци.

Една од најпребараните теми беше војната во Израел и Газа. Вториот најбрзо растечки наслов за пребарување на вести беше „Титаник подморница“, што се однесува на експлозијата во која загинаа петте луѓе на подморницата Оушнгејт. Третиот најпопуларен термин беше „земјотрес во Турција“ – природната катастрофа што ги погоди Турција и Сирија во февруари, одземајќи речиси 60.000 животи.

Во помалку сериозни настани, светот на забавата обезбеди многу причини да се свртиме кон Гугл. За многумина, 2023 година беше година на Барби. Филмот стана вистински хит и, исто така, покажа најголем раст на обемот на пребарување за годината, следен од неговиот ривал, Опенхајмер. Во однос на музиката, Шакира беше најпребарувана музичарка.

Дамар Хамлин, се најде на врвот во две категории – луѓе и спортисти – откако играчот на НФЛ доживеа срцев удар додека учествуваше на натпреварот за Бафало Билс на 2 јануари. За жал, не сите познати и популарни луѓе во светот стигнаа до крајот на 2023 година. Најпребарувана смрт беше на глумецот Метју Пери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот