Индискиот премиер предупредува: Разорната епидемија на коронавирусот во земјата брзо се шири во руралните области

Фото: SOPA Images / Sipa Press / Profimedia

Индискиот премиер Нарендра Моди ги предупреди своите сонародници да преземат дополнителни мерки на претпазливост бидејќи разорната епидемија на коронавирусот во земјата брзо се шири во руралните области, каде живеат речиси две третини од 1,4 милијарди Индијци.

Моди ги повика жителите на руралните области, селските совети и државните влади да се обединат и да се соочат со предизвикот.

Индискиот премиер рече дека армијата, морнарицата и воздухопловните сили се вклучиле во борбата против пандемијата во земјата.

– Изгубивме многу од нашите најблиски, чувствувам болка затоа што луѓето страдаат, рече Моди на конференција на земјоделците.

Индиското Министерство за здравство денес соопшти за 343.144 нови случаи на зараза во последните 24 часа, што е мало намалување во споредба со претходниот ден. Уште 4.000 луѓе починале од Ковид-19 со што бројот на жртвите достигна 262.317 од почетокот на пандемијата.

Сите овие податоци се многу помали од реалните, проценуваат експертите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот