Индира Ганди: Немам амбиција да живеам долго, но имам амбиција да го ставам својот живот во служба на нацијата

Instagram

Приватниот и професионалниот живот на Индира Ганди е оригинален и повеќеслоен, таа и денес е извор на размислување и инспирација за жените ширум светот.

Била родена на 19 ноември 1917 година, како ќерка на Џавахарлал Нехру, истакнат политичар, прв премиер на независна Индија. Индира, од дете била бунтовничка, а светот ја памети како првата и единствената жена некогаш именувана за премиер на Индија.

Instagram

За првпат управувала со својата земја од јануари 1966 година до март 1977 година, и по втор пат – од јануари 1980 година до 31 октомври 1984 година, денот кога беше убиена од нејзините „синови“ , припадниците на етничките Сики. Со осум куршуми во стомакот и уште единаесет на телото.

Детството и адолесценцијата на Индира Ганди биле обележани пред сè со отсуството на нејзините родители. Нејзиното семејство, многу богато, отсекогаш било против британскиот колонијализам и – токму поради оваа причина – сите членови на нејзиното семејство завршиле во затвор. Поради тоа, Индира била принудена да преземе многу голема одговорност во однос на годините кои ги имала: на 8-годишна возраст се соочила со болеста на мајка ѝ, со која престојувале во Швајцарија. Болеста на мајка ѝ напредувала и поради малтретирањата кои ги доживувала во долгиот период на домашен притвор.  Индира студирала во швајцарски интернат, каде стекнала прецизна визија за светот: студиите во оваа земја ја формирале како личност и ги поставиле темелите на нејзините идни политички размислувања.

Instagram

Припаѓајќи на богато семејство, таа можела да ги ужива сите привилегии резервирани за богатите деца, да ужива во удобноста далеку од својата сиромашна земја, но наместо тоа – откако ги завршила студиите, се вратила во својата татковина и се впуштила во длабока политичко-социјална борба.

Како тинејџерка ја основала групата „Мајмун“, организација составена од околу 6.000 момчиња, која имала задача да пренесува информации меѓу претставниците на различните движења и да организира герилска борба против англиските војници. Во овој период од животот имала голема поддршка од својот татко, како и од Махатма Ганди – кој не бил во никаква роднинска врска со неа, и покрај истото презиме.

Индира Ганди и Џеки Кенеди/Instagram

Студирала на неколку универзитети во Индија, потоа школувањето го продолжила  во Женева, па повторно во Индија, а кога здравствената ситуација на нејзинита мајка се влошила, повторно ја напуштила Индија за да ѝ помага и да биде со неа во Европа. Подоцна одлучила да се запише на Универзитетот во Оксфорд. Поради разните здравствени проблеми, и свои и на мајка ѝ, таа била принудена постојано да ги прекинува студиите. По краткиот престој во Англија, таа одлучила сепак да се врати во Индија без да ги заврши, на самиот крај, студиите.

Instagram

Се омажила со Ферозе Ганди, исто како неа, посветен на политиката и силен поддржувач на независноста. Во истиот период станала асистент на нејзиниот татко, кој бил премиер на Индија. По смртта на нејзиниот татко, таа била избрана за премиер на индиската влада, на 18 јануари 1966 година, но само една година подоцна, партијата на која ѝ припаѓала Индира изгубила консензус, поради екстремните леви струи што се развиле во некои региони. Резултатот бил партиски раскол, кој се случил во 1969 година, при што се родиле конзервативното крило и прогресивно крило.

По оваа поделба, нејзината влада спровела одлучувачка политика кон главните проблеми на земјата, пред сè на сиромаштијата, до толку големи што, како премиерка, Индира Ганди го добила прекарот „комунист“.

Нејзините реформи биле многу блиску до комунистичката идеологија, иако секогаш се идентификувла со социјалистичкото размислување. Меѓу првите акти на нејзината влада била национализацијата на десетина банки и одреден број на рудници, со што се ослободила индиската економија од влијанието на странските земји. Ги реформирала правилата што го регулирале земјишниот сектор, вовела ограничувања на приватниот имот, и ги откажала привилегиите и наследниот приход на благородниците. Така, веќе прославена меѓу народот, во 1971 година повторно победила на изборите. Во тие години, нејзината политичка кариера била многу почитувана поради воената победа над Пакистан.

Facebook

Иако условите во Индија значително се подобриле под нејзиното водство, не требало многу да се открие дека ресурсите за извршување на сите нејзини цели не биле достапни. Многу фактори биле против неа, почнувајќи од блокадите на нејзиниот амбициозен проект за намалување на сиромаштијата на највулнерабилното население.  Понатамошните ветени реформи никогаш не започнале или пропадналe, поради скандалите со корупција од страна на претставници на нејзината партија.

Во 1980 година Индира Ганди повторно се појавила на изборите и победила повторно, останувајќи на чело на својата земја, сè до октомври 1984 година.

Instagram

Токму во овој период го загубила синот Санџај, кој загинал во авионска несреќа. Болката не ја одвлекувала од политичките обврски, толку многу што нејзиниот син Раџив, оженет со Италијанката Соња Ганди, бил вклучен во нејзината работа. Изборот да се вклучи синот предизвикал многу незадоволство кај нејзините противници. И покрај нејзината посветеност на политиката, независноста што ја имале богатите региони на северот била причина за големи масовни немири и меѓу највознемирените етнички групи се истакнале Сиките, жители на регионот Пенџаб. Бунтот бил потиснат од армијата кои предизвикале смрт на  над 600 луѓе. Одмаздата на Сиките не доцнела и на 31 октомври 1984 година нејзините „синови“, етнички телохранители на Сиките, ја убиле испукајќи  повеќе куршуми кон неа додека одела низ нејзината градина. А, таа штотуку се вратила од едно патување  на кое одржала говор и рекла:

Немам амбиција да живеам долго, но имам амбиција да го ставам својот живот во служба на нацијата. Ако умрев денес, секоја капка крв ќе ја зајакнеше Индија “.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот