Индиец призна убиство на 50 таксисти, серискиот убиец телата им ги фрлал на крокодили (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/YouTube/MIRROR NOW

Полицијата повторно го врати во средата, некои шест месеци по неговото бегство. Го нашле во Делхи, каде живеел со вдовица со која се оженил додека бил на условна слобода.

Полицијата во Индија фати избеган сериски убиец кој признал дека е вмешан во убиство на повеќе од 50 таксисти чии тела неговата банда ги фрлала во канал полн со крокодили. Полицијата го фати откако побегнала во друга држава додека била на условна слобода.

Девендер Шарма е осуден меѓу 2002 и 2004 година за убиство на седум таксисти, при што добил казна доживотен затвор во Џајпур. Откако во затворот поминал 16 години, 620 годишникот во јануари добил дозвола за привремен престој надвор од затворот. Шарма ја искористил таа можност и побегнал во друга држава.

Полицијата повторно го врати во средата, некои шест месеци по неговото бегство. Го нашле во Делхи, каде живеел со вдовица со која се оженил додека бил на условна слобода.

Шарма во полиција призна дека ја прекршил условната слобода и не планирал да се врати во затвор, објави Си Ен Ен.

Тој дипломирал традиционална индиска медицина и 11 години водел клиника во болницата во Раџастан. Откако во измама изгубил многу пари, се вклучил во продажба на лажни резервоари со гас.

После тоа се вклучил во илегална трговија на бубрези за трансплантација, поради што е уапсен во 2004 година. Според информациите на полицијата, признал дека учествувал во трговијата на повеќе од 125 такви бубрези, при што секогаш заработувал меѓу  66.80 и 9.350 долари.

Убивал таксисти па ги продавал нивните автомобили

Шарма призна дека со својата банда учествувал во уште побизарен криминал и дека во државата Утар Прадеш намамувал таксисти, а потоа на тајни места ги убивал возачите. По убиството нивните тела ги фрлал во канал со крокодили за полицијата да не може да ги најде остатоците од жртвите. Потоа ги продавал нивните такси возила, или цели или во делови, и заработувал околу 270 долари по автомобил.

Подоцна потврдил во полиција дека организирал убиства на повеќе од 50 таксисти, но бил осуден само за неколку од нив.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот