Инцидент во Брисел: Хрват се заканувал дека ќе се запали бидејќи бил лут на Србите? (ФОТО)

Помал инцидент денес се случил пред седиштето на Европската комисија во Брисел, каде човек се заканувал дека ќе се запали, а сведоците наводно тврдат дека станува збор за Хрват кој говорел нешто за тоа дека е лут на Србите, јавува новинарот на агенцијата АФП на својот профил на Твитер.

Зградата Берлајмонт, која е седиште на комисијата, добро е чувана на самиот влез, а по инцидентот веднаш дошле и полицајци и пожарникари. На една фотографија од местото на настанот се гледа човек како седи покрај ѕидот, со патерици на кои очигледно се потпира при одење.

Нема официјални потврди дека станува збор за хрватски државјанин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот