Именувањата на директорите ќе почнат најдоцна до 15 октомври

Веќе следната семица ќе почнеме со именување на директорите, таму каде што треба конкурси ќе се распишат, а верувма дека и надлежните институции како што се надзорните одбори ќе ги почнат постапките за избори и именување. Моите очекувања се дека сите именувања или постапки за именувања како активности ќе бидат отпочнати не подоцна од 15 октомври, а некаде дури и ќе завршат изборите, најави денеска премиерот Зоран Заев.

-Во државата имаме многу акционерски друштва во кои надзорните одбори распишуваат конкурси и потоа именуваат директори на седница на надзорен одбор, а и министрите се надлежни во делот на селекција на некои директорски раководни места. Очекувам следната недела да почне процесот на именувањата, рече Заев во договор на прашање на денешната прес-конференција на која ги презентираше мерките од четвртиот пакет економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните за справување со последиците од ковид кризата.

Готови сме, додаде, со државните секретари и веројатно секој од министрите ќе може во текот на следната недела да ми каже за именувањето на државните секретари кои следуваат во процесот на кадровското екипирање после парламентарните избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот