„Имам рак на коските, се борам за живот“: Хрватскиот пејач Јасмин Ставрос се огласи од болница

Фото: Принтскрин/Јутјуб

„Имам рак на коските и во фаза сум на борба за живот. Сè ме боли, грбот најмногу“, изјавил хрватскиот пејач Јасмин Ставрос (68) за „24сата.хр“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ritam Balkana (@ritambalkanacom)


Популарниот пејач Јасмин Ставрос пред неколку дена поради болки во грбот завршил во болница во Карловац, од каде поради тешка дијагноза бил префрлен во Клиничкиот болнички центар во Загреб. На Ставрос му бил дијагностициран рак на коските и оттогаш е на болничко лекување.

Како што пишува „24сата.хр“, пејачот звучел изморено, исцрпено, но и оптимистично.

„Цело време сум во болница, оттогаш не сум бил дома. Се чувствувам лошо, ме боли грбот, сè. Ми даваат секакви лекови против болки, некои помагаат, некои не“, рекол Ставрос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jutarnji.hr (@jutarnji.hr)


Лошата болест го затекнала пејачот и покрај најздравиот можен начин на живот. Ставрос живее на село, во мир и склад со природата, познат е по здравиот живот, умерената исхрана и спортувањето.

Откако во 2008 година се преселил во едно мало место, ужива во долгите прошетки со сопругата Жарка и работи низ куќата, а сега се бори со лошата болест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот