Има богато криминално досие: Откриено кој е мажот со кого Бритни Спирс го изневерила сопругот

Бритни Спирс и Сем Асгари
Бритни Спирс и Сем Асгари / Фото: Инстаграм/Сем Асгари

Семејната драма помеѓу поп принцезата Бритни Спирс и нејзиниот сопруг Сем Асгари станува сè поинтересна! Поп пејачката се разделува од сопругот поради наводна афера со член на нејзиниот персонал, кој наводно има криминално минато, дознава ексклузивно „Пејџ сикс“.

Бритни Спирс и Сем Асгари во 2017 година / Фото: PLANET PHOTOS / Planet / Profimedia

Додека процесот на развод е сè уште во тек, Спирс поминува време со маж кој наводно се вика Пол Ричард Солиз, 37-годишен, кој речиси една година работи за 41-годишната пејачка. Неговите задачи се чистење на тоалетите, бришење на подот и собирање на ѓубрето.

Извор близок до Бритни тврди дека таа и поранешниот вработен многу се зближиле и додава: „Загрижен сум“. Причина за загриженоста е тоа што човекот бил вработен без проверка на неговото минато, кое е прилично… криминално.

Како што дознава „Пејџ сикс“, Солиз повеќепати бил обвинет за разни прекршоци, па дури и за кривично дело. Така, тој во април 2014 година е осуден по една точка за нарушување на јавен ред и мир, имал и кривична пријава за загрозување на дете, која, според судската евиденција, била одбиена поради спогодба. Во 2016, година Солиз бил осуден за возење без дозвола, додека посебното обвинение за возење со одземена возачка дозвола било отфрлено поради преговори за признавање вина, пишува „Пејџ сикс“.

Неговиот последен конфликт со законот бил минатата година кога веќе работел за славната пејачка. Во декември 2022 година, е осуден за кривично дело поседување огнено оружје.

Иако Солиз на крајот бил ослободен, извори откриваат дека поп принцезата сè уште поминува време со поранешниот затвореник и не се труди да го скрие нивното пријателство.

Бритни Спирс и Сем Асгари/Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Откако минатата недела одекна веста за нејзиниот развод со 29-годишниот Асгари, пејачката во неколку наврати е видена со мистериозен маж во јавноста. Сè уште не е потврдено дали станува збор за Пол Ричард Солиз.

Сем Асгари ја уценува Бритни Спирс: Ќе објави срамни детали за неа ако не му даде повеќе пари

Бритни Спирс за разводот: Не можев да ја поднесам таа болка

ВИДЕО | Бритни Спирс објави провокативни видеа, „пријател“ ѝ ја лиже ногата

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот