Илјадници луѓе протестираа против расизам на плоштадот во Рим

Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

На плоштадот во Рим денеска излегоа илјадници демонстранти на првиот голем протест против расизмот, носејќи заштитни маски и држејќи транспаренти на кои пишуваше „Црните животи се важни” и „Тоа е Бел проблем”.

Демонстрантите, претежно млади, од кои некои беа со деца или помлади сестри и браќа, во еден момент клекнаа со кренати тупаници во знак на солидарност со оние што се борат против расизмот.

– Жално е што во 21 век луѓето со други бои на кожата се третираат како лепрозни, изјави 26-годишниот Абдул Насир од Гана, кој е во Рим за магистерски студии по бизнис менаџмент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот