Идентификуван напаѓачот од трговскиот центар во Сиднеј: Избоде шест лица до смрт, повреди и бебе

Фото: EPA-EFE/STEVEN SAPHORE

Полицијата на Нов Јужен Велс го идентификуваше напаѓачот кој избоде шест лица до смрт во прометниот трговски центар во Сиднеј пред да биде убиен од полицајка, велејќи дека тоа не е терористички чин.

Полицијата денеска соопшти дека Џоел Кочи (40) е одговорен за нападот во трговскиот центар Вестфилд во Бонди Џанкшн во саботата, недалеку од светски познатата плажа Бонди.

Почина мајката на повреденото дете во нападот во трговскиот центар во Сиднеј

Помошникот на полицијата во Нов Јужен Велс, Ентони Кук, на прес-конференција изјави дека Кочи страда од неодредени проблеми со менталното здравје и дека нападот не се третира како терористички чин.

„Продолжуваме да работиме на профилирање на сторителот, но во оваа фаза е многу јасно дека тоа е поврзано со менталното здравје на сторителот“, рече Кук.

Нападот во трговскиот центар, еден од најпрометните во земјата, се случи околу 15 часот по локално време.

ФОТО | Мајка и бебе меѓу избодените во трговскиот во Сиднеј

Во нападот загинаа шест лица – пет жени и еден маж, на возраст меѓу 20 и 55 години, а 12 повредени се пренесени во болница, меѓу кои и 9-месечно дете, чија мајка починала за време на нападот.

Две од шесте жртви се од странство и немаат семејство во Австралија, рече Кук во неделата.

Премиерот Ентони Албанес рече дека полицајката која го уби напаѓачот „е херој кој спасил уште многу животи со своите постапки“.

„Прекрасна инспекторка која се стави во опасност и ја отстрани заканата што постоеше за другите, без да размислува за ризиците за себе… Таа храброст беше извонредна што ја видовме вчера“, додаде тој.

Трговскиот центар денеска ќе остане затворен и со денови ќе биде активно место на злосторството, соопшти полицијата.

ВИДЕО | Напад во шопинг центар во Сиднеј, има мртви, стотина евакуирани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот