Ибра го напушта Милан – веќе се шпекулира со новиот клуб на Швеѓанецот?

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Според италијанскиот медиум „Футмеркато“, Милан нема да го продолжи договорот со Златан Ибрахимовиќ.

Договорот на 41-годишниот шведски напаѓач истекува во јуни, а на Сан Сиро веќе прават планови без својата ѕвезда.

Тој одигра само четири натпревари оваа сезона, по операцијата на коленото мораше да паузира седум месеци.

Сè уште не се знае дали Ибра ќе се пензионира или ќе продолжи да игра, но некои извори пишуваат дека тој е во преговори со Монца, клуб од средината на табелата во Серија А во сопственост на Силвио Берлускони, долгогодишниот претседател на Милан.

Швеѓанецот со „росонерите“ во кариерата успеа двапати да биде шампион на Италија во 2011 и 2022.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот