И тоа го има, внимавајте: Употребувани кондоми се мијат, сушат и повторно пакуваат како нови (ВИДЕО)

Фото: Twitter

Виетнамската полиција запленила околу 345 000 користени кондоми што биле исчистени и подготвени за нова продажба, објавија државните медиуми, пренесува Ројтерс.

Снимките прикажани од виетнамската полиција на почетокот на оваа недела покажуваат големи вреќи полни со кондоми расфрлани низ подот на магацин во јужната провинција Бин Дуонг.

Полицијата извести дека станува збор за 360 килограми кондоми, што одговара на износот од 345.000 кондоми, пренесува виетнамска телевизија.

Сопственикот на магацинот добивал месечна испорака на кондоми од непознато лице, пренесува весникот Труои тре.

Жената била уапсена за време на полициска рација, а полицијата соопштила дека таа најпрво ги варела кондомите во врела вода, а потоа ги сушела и ги преобликувала на дрвен стап пред да ги пакува и да ги стави во продажба.

Виетнамската телевизија соопшти дека не е јасно колку од рециклираните кондоми се веќе продадени, а жената е казнета со 0,17 долари за килограм кондоми, односно 360 долари.

Ниту таа, ниту сопственикот на магацинот не биле достапни за коментар, пренесува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот