И покрај преговорите, голем е јазот помеѓу Украина и Русија

Преговори Украина-Русија / Фото: ЕПА/ЕФЕ

Украина и Русија сериозно ги сфаќаат мировните преговори, но останува многу голем јаз меѓу двете страни, тврдат неименувани западни претставници, при тоа додавајќи оти рускиот претседател Владимир Путин најверојатно не е подготвен за компромис.

Иако и двете страни истакнаа дека е постигнат ограничен напредок во преговорите оваа недела, Путин покажа малку знаци на попустливост во својот говор, обвинувајќи ги „предавниците и ѓубрињата” во неговата земја кои му помагаат на Западот.

Според украинскиот претставник, на преговарачката маса се правно обврзувачки безбедносни гаранции за Украина. Тоа би значело група сојузници кои би морале да ја штитат Украина во случај на руски напад.

Неименуван западен функционер наведува дека деталите за тоа кој ќе биде гарант за безбедност се предмет на разговори со меѓународните партнери, но оти е важно да се воспостават услови.

На прашањето за улогата на Кина во конфликтот и нејзината подготвеност да испорача оружје на Русија, западни претставници велат дека веруваат оти Кина сè уште го формира својот одговор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот