И Пленковиќ со порака како Филипче: Полициски час или „затворање” е крајна мерка

Фото: EPA-EFE/YVES HERMAN / POOL

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека воведувањето на полициски час, други ограничувачки мерки или ново „затворање на државата” е последно средство, доколку епидемиолошката состојба во земјата ескалира.

Коментирајќи го денешниот рекорден број на повеќе од 1.400 новоинфицирани, Пленковиќ рече дека верува во менталната сила на Хрватот, во неговата будност, сила, одговорност и грижа за другите.

– Еден метод е разумно, рационално гледање на проблемот, преземање на мерки и подигнување на јавната свест за сериозноста на проблемот, тоа е начинот на кој работиме, рече премиерот.

Тој додаде дека рестриктивните мерки доведуваат до негативен економски ефект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот