И годинава по 5000 денари за секое новороденче во Гази Баба

новореденче, раце, нозе
Фото: Архива на „Слободен печат“

Продолжува мерката за доделување на финансиска помош од 5000 денари за секое новороденче на територија на општина Гази Баба, која првпат започна да се спроведува во оваа општина минатата година.

Во 2022 година, 420 семејства ја искористиле можноста и добиле финансиска помош од 5000 денари. Реализацијата на овој проект доаѓа од мојата изборна програма со која ја побарав довербата од граѓаните. Оваа мерка продолжува со имплементација и во 2023 година – информира градоначалникот Бобан Стефковски.

Тој ги повикува сите семејства со новороденче да аплицираат и да ја искористат оваа можност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот