Хрватскиот министер за здравство Вили Берош е позитивен на ковид-19

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош е заразен со коронавирусот, потврди утрово Министерството за здравство откако тој не се појави на денешната владина седница.

– Со појавата на симптомите на болеста, министерот Вили Берош се тестираше за присуство на коронавирусот и утрово ги доби резултатите од тестот дека е позитивен. Здравствената состојба на министерот е стабилна со лесна клиничка слика и продолжува да ги извршува своите должности изолирано, придржувајќи се кон сите мерки на епидемиолозите, се наведува во соопштението на хрватското Министерството за здравство.

Телевизијата Н1 неофицијално дознава дека постои сомнеж оти Берош се заразил минатата сабота за време на посетата на Вараждинската жупанија.

Берош се тестираше и минатата недела откако имаше респираторни синдроми, но тестот беше негативен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот