Хрватски Експрес тврди: Припадници на ИСИЛ тајно вратени на Косово

Косово, најмладата држава во Европа е првата земја која го прифатила предлогот на Доналд Трамп и прифатила свои државјани кои се бореле и живееле на територија под контрола на ИСИЛ. Тајната операција била извршена на 20 април оваа година, објавува хрватски Експрес.

Специјален чартер авион во најголема тајност слетала на приштинскиот аеродром и довезол 11 косовски граѓани кои последниците месеци биле заробеници во курдските затвори на северот од Сирија. За нивното враќање не знаеле ниту нивните најблиски.

Меѓу 110 патници имало 32 жени, 74 деца и четворица мажи. Сите веднаш биле внесени во автобуси со затемнети прозори. Мажите биле однесени во затворот во Подујево, а жените и децата биле сместени во специјален центар во Вранидол поради здравствени и прихолошки прегледи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот