Хрватска доби нова Влада

Архива на СП

Владата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и нејзината програма доцна синоќа ја доби довербата на Парламентот.

По целодневната расправа, за вториот состав на кабинетот на Пленковиќ гласале 76 пратеници од вкупно 151, а против се изјасниле 59.

Новата Влада има 16, наместо досегашните 20 министерства, како и четворица потпретседатели Давор Божиновиќ, Здравко Мариќ, Томо Медвед и Борис Милошевиќ.

Пленковиќ на крајот од расправата им се заблагодари на пратениците кои и дадоа поддршка на програмата и на луѓето кои ги претставил, но и на оние кои изразиле критики и несогласување.

Тој порача дека ќе настојува да ја оправда довербата, која ја доживува „како обврска и шанса” за Владата и за сите хрватски граѓани.

– Формиравме парламентарно мнозинство со партнерите со кои, сигурен сум, ќе ја спроведеме програмата околу која се согласуваме, изјави Пленковиќ, додавајќи дека се доволни 76 „раце”, колку што има парламентарното мнозинство, доколку постои конструктивност и желба за работа за Хрватска.

Хрватскиот премиер најави и дека Владата ќе се труди да биде поотворена кон предлозите на опозицијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот