Хрватите ќе може сами да се тестираат од ковид, сетот од утре во аптеките за 10 евра

Корона тестови/ Фото: EPA-EFE/LUONG THAI LINH

Во Хрватска пристигнаа првите 10.000 тестови за само-тестирање на коронавирус, а уште 20.000 ќе пристигнат во четврток.

Тестовите од утре ќе бидат во аптеките.

Јаков Радошевиќ, член на Управниот одбор на веледрогеријата Медика, рече дека тестот ќе чини од 75 до 85 куни (10 до 11 евра). Тој додаде дека ова се првите тестови пријавени и одобрени од Хрватската агенција за лекови и медицински производи (ХАЛМЕД).

– Дистрибуцијата во аптеките низ Хрватска ќе почне утре наутро, рече Радошевиќ.

Тој додаде дека очекува до крајот на петок сите заинтересирани аптеки и продавници да им понудат на граѓаните ваков тест.

– Тестот регистрира квалитативно присуство на антигенот. Овој тест се користи на површината на носот, носниот брис е на околу 2 до 2,5 сантиметри, се става во течноста и резултатите се готови за 15 до 20 минути, изјави Радошевиќ за ХРТ, кој очекува во Хрватска да пристигнат тестови и од други производители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот