ХРВАТИТЕ БАРААТ ПЕДИЈАТРИ, но никој не се јавува за работа: Нудат плата од 2.000 евра, бонуси и стан!

Педијатар, Фото: Илустрација/Архива

Ниту една пријава не стигнала на огласот на Домот за здравје во Дубровник, кој барал педијатри иако нудат плата од 2.000 евра, стан од 55 квадрати како и можност за дополнителна заработка во здравствените установи во Хрватска.

Огласот на социјалните мрежи е распишан за да се добие увид во интересот за тоа место. За работното место е потребно да се распише конкурс по што Министерството за здравство треба да го одобри.

-Огласот излезе пред 15-тина дена, а ниту еден лекар од Хрватска не се јави. Ние ќе објавиме дека бараме педијатри уште неколку пати, па ќе видиме што ќе се случи и дали некој ќе се јави, изјави портпаролот Бранко Баздан, портпаролот на Домот за Здравје во Дубровник.

Додаде дека преговараат со некои луѓе од Хрватска кои сакаат да дојдат да работат во Дубровник така што засега има нешто заинтересирани од соседните земји како БИХ, Црна Гора и Србија, но тие немаат лиценци за работа во Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот