Христијан Мицкоски од височина го честиташе Денот на независноста (ФОТО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хриситјан Мицкоски честитка по повод 8 Септемрви испрати од врвот Кораб.

„Денес на 2.764 метри надморска висина, врвот Кораб највисокиот во нашата преубава Македонија. Денеска 8 септември Денот на независноста, да го славиме вечно, се додека сонцето го изгрева утрото. Да се избориме за нашата земја, во ова време, невреме, кога силно не влечат на дното, кога животот станува пекол, а секој од вас чувствува и знае дека ова денес не е она за што се бореа нашите во минатото и она што ние го сакаме денес. Затоа заеднички да се избориме за подобро, за обнова и иднина. А кој друг ако не сите ние, и не затоа што е лесно, туку затоа Македонија е нашето се. Тоа е наше име и презиме, нашиот завет, она што сме и ќе продолжиме да бидеме. Среќен роденден Македонијо.
Да сте живи и здрави Македонци“, порачува лидерот на опозицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот