Хоти: Косово излезе од изолација без да потроши милиони на лобирање

Косовскиот премиер Авдулах Хоти вели дека неговата држава веќе не е изолирана и се враќа на патот на евроатлантските интеграции, и покрај тоа што, како што нагласува, неговата влада „не троши милиони евра на лобирање” и не се раководи од „параполитички интереси”, јави дописникот на МИА од Приштина.

Реакцијата на косовскиот премиер, објавена на неговата страница на Фејсбук, уследи по денешното соопштение на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), која, по повод стоте дена на неговата Влада, го обвини дека на 4 септември во Вашингтон потпишал со Србија договор кој е штетен за Косово.

На обвинувањата на доскорешната владејачка ПДК, која ја основа актулениот претседател на државата Хашим Тачи, а ја води поранешниот собраниски спикер Кадри Весели, Хоти одговори дека откако застана на чело на Владата, „по неколкугодишно застранување”, го врати Косово во Вашингтон, Брисел и другите светски центри.

Нема веќе изолација за Косово. За 100 дена го вративме Косово таму каде што припаѓа: во Белата куќа, во главниот град на ЕУ, Брисел, во седиштето на НАТО, во Париз и наскоро и во другите центри (…) Сето тоа се постигна без да се потрошат милиони за лобирање, туку со поддршка од пријателите, со уверување дека оваа Влада е сериозна во однос на своите заложби, со одлуки кои се засновани на законите и Уставот, а не на параполитички интереси, напиша Хоти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот