Хотелите во Полска ќе бидат отворени за летните одмори

Фото Архива на СП

Хотелите во Полска ќе бидат отворени за летните одмори, изјави денеска за државното радио, владиниот портпарол Пјотр Мјулер.

Тој додаде дека новите случаи на заразени со коронавирусот продолжуваат да се зголемуваат во државата.

Се очекува денеска полската Влада да ја објави својата одлука за отворање на некои индустрии и услуги што беа затворени поради пандемијата.

Во Полска, традиционално летните одмори се од јули до август, но се уште не е јасно дали ќе биде така и оваа година. Владата веќе го продолжи затворањето на училиштата во земјата до 24 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот